Силно невреме владее попладнево во Букурешт, а дождот им создаде огромни проблеми на организаторите на само еден ден пред премиерниот дуел меѓу Македонија и Австрија.
Одложени се тренинзите и на репрезентациите откако поради проблеми со теренот по силниот дожд организаторите донесоа одлука селекциите да тренираат со најмалку еден час задоцнување.