сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Пандев: Работат емоциите, сите погледи се насочени кон нас

Горан Пандев: Работат емоциите, сите погледи се насочени кон нас

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го живее конечно својот с сега не може да ги сокрие емоциите во очекување на утрешниот прв натпревар на собирот на најдобрите на Стариот континент.

„Точно е дека работат емоциите, точно е дека сите во Македонија, фудбалерите, навивачи, медиуми, јавност го очекувавме овој момент. И, верувајте сега сме подготвени да го дадеме срцето за нови радости, затоа што знаеме дека сите погледи во Македонија се насочени кон нас“ – истакна капитенот на официјалната прес-конференција пред утрешната средба со Австрија.

„Јас го прифатив предизвикот на селекторот пред шест години кога дојде во Џенова и ме убеди да се вратам во националниот тим затоа што не чекаат успешни денови. И ми се чини дека тоа беше главно на патот до остварувањето на овој сон. Но, секако и јас и соиграчите сме подготвени да го прифатиме и овој предизвик. Желбата е секако да го демонстрираме максимумот на секој натпревар и да се обидеме да не завршиме со само три меча на шампионатот“ – дополни Пандев.

„Имаме негативно искуство со оваа репрезентација, но добро ги анализиравме нивните игри последниот период. Знаеме дека не чекат тежок натпревар со една цврста, физички одлично подготвена репрезентација. Но, подготвени сме за надигрување. Онаа победа против Германија донесе самодоверба плус во нашите редови, овие момци се повеќе се свесни за своите квалитети и тоа треба да ни биде дополнителен мотив плус на секој дуел на првенството“ – вели најдобриот македонски фудбалер.

За КУРИР:МК од Букурешт – Бошко Тасиќ