четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерот кој пред 9 години го преживеа истото што и Ериксен испрати силна порака

Фудбалерот кој пред 9 години го преживеа истото што и Ериксен испрати силна порака

Фабрис Муамба е еден од фудбалерите кој среде меч доживеа срцев удар и тоа во 2012 година, по што за среќа неговиот живот, за разлика од други фудбалери, му беше спасен, ама кога вчера данската ѕвезда Кристијан Ериксен се струполи, солзите кај црномурестиот фудбалер сами почнаа да течат.

Муамба, кој е роден во Заир беше младински англиски репрезентативец, одигра 33 меча за селекцијата до 21 година до 2011 година, а година потоаиграјќи за Болтон се струполи одеднаш на теренот, преживеа тежок срцев удар, но успеа да победи во животната битка, иако лекарите еден час се бореле за да го вратат во живот.

„Солзите сами почнаа да течат кога го видов Ериксен. Сѐ ми се врати како слика. Страшно нешто. Дури не го гледав мечот, бев на гости кај еден пријател, кој сврте на мечот и кога го видов Ериксен како паѓа… Прво си реков: ‘нема шанси, не е ова реално’. И како почнаа да одминуваат секундите, стануваше пострашно, а солзите надоаѓаа.

И тогаш почна да ми се враќа секоја можна слика за сѐ што преживеав. Јас Кристијан не го знам, ама плачев, зашто најдобро знам во која ситуација е. Почнав само да викам: ‘Издржи Кристијан, ајде издржи’. Многу долго се трудев да не размислувам за тоа што ми се случи, ама не можам. Кога ги водов сцените, само почнав да се прашувам: ‘Зошто?’ Плачев и му се јавив на татко ми за да го прашам дали го гледа хоророт. Му реков: Не е можно ова, зошто сега му се случува на Кристијан? Ериксен има две деца, сопруга и тое беа таму.

Кристијан е млад и јас ќе бидам мирен кога ќе го видам на телевизија. Слушнав дека состојбата е добра…“, посочу Муамба.