Данската фудбалска федерација потврди дека Кристијан Ериксен е во стабилна состојба, останува во болница, а останатите играчи добија слободен ден.
Данска се уште се опоравува по вчерашниот трауматичен настан кој се случи на стадионот во Копенхаген кога Ериксен колабираше и се бореше за својот живот.
Од Данската фудбалска федерација денеска потврдија дека Кристијан Ериксен е во стабилна состојба, ќе остане уште во болница каде ќе му бидат направени уште тестови.
Данскиот тим ги откажа планираните медиа активности во базата, го откажа и тренингот, им дадоа повеќе одмор на фудбалерите да го процесираат шокантниот настан кој се случи вчера.
Легендарниот Питер Шмајхел ја критикуваше одлуката да се продолжи вчерашниот меч, но тоа беше одлука на данските фудбалери.
УЕФА им предложи натпреварот да се доигра денеска во 12 часот, но фудбалерите на двете репрезентации решија да продолжат откако дознаа дека Ериксен е добар.
Сепак Шмајхел смета дека натпреварот би имал поинаков исход доколку не продолжел вчера, туку би се играл денеска.