Доколку евентуално има некој кој вчера не го гледаше натпреварот на Македонија и Австрија, еве можност да види, а останатите да се потсетат како изгледаше интонирањето на македонската химна на Европското фудбалско првенство.
Македонија прв пат во својата историја настапува на ова континентално натпреварување и за прв пат на истото се интонирање македонската химна.
Големиот број навивачи на трибините, како и фудбалерите во еден глас ја пееја македонската химна.