недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Зидан до новинарот: Вие сте срамота. Исклучете ја камерата и ќе разговараме

Зидан до новинарот: Вие сте срамота. Исклучете ја камерата и ќе разговараме

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан , го помина викендот дружејки се со своето семејство.Тој најави дека ќе се одмори по напорната сезона во која доби отказ.

Неколку Шпански новинари се собраа да добијат ексклузивно интервију од Зидан, но наместо тоа речиси и да дојде до физички контакт.

„Дали беше грешка што го испративте тоа писмо до јавноста“ беше прашањето на еден од новинарите.

Зидан видно вознемирен возврати кон новинарот.

„Дали сеуште поставувате глупави прашања како порано? Вашата работа е срам за новинарството.Со вас е секогаш исто , секогаш истите проблеми.Ме познавате а и јас ве познавам вас , ајде да разговараме без камери“- возврати жестоко Зидан