недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Луда работа: Заев лаже и за првата девојка! (ВИДЕО)

Луда работа: Заев лаже и за првата девојка! (ВИДЕО)

Од каде е првата девојка на Зоран Заев и каде ја поминал младоста? Ваква навидум банална тема стана актуелна откако јавноста го фати Заев во нова лага, неверојатно но вистинито – за тоа каде ја фатил првата девојка.

Во неодамнешното интервју за српскиот портал Курир, Заев изјави дека младоста ја поминал во Горњи Милановац каде продавајќи пипер на тезгите ја запознал преубавата Јелена која му била и прва девојка.

Но, по оваа изјава изреагираа луѓе кои паметат очигледно повеќе од премиерот, па го потсетија дека во септември 2017 година во кампањата за локални избори, на собир во Дојран Заев соопшти дека баш таму, по дојранските плажи ги поминал најубавите моменти од својот живот и баш во Дојран за прв пат фатил девојка.

„Јас, иако сум од Струмица, ја поминав младоста овде во Дојран. По плажите во Ачико, на Мрдаја, на градската плажа. Овде прв пат девојка фатив, овде се најубавите моменти од мојот живот.“

Во интервјуто за српски курир Заев вели и дека со неговата сегашна сопруга, Зорица, бил заедно уште од средно школо, па врската станала посериозна на факултет. Прашање за 2,4 милиони марки (колку што заработил од продажба на пиперки) е „која е првата девојка, Јелена од Србија, таа од дојранските плажи или Зорица од струмичко?“.

Има ли една работа која ја кажал, а не ја излажал?, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Најнови вести