среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Саутгејт за најпотценетиот играч во англискиот состав: Тој се претвори во дефанзивно животно со Чоло Симеоне!

Саутгејт за најпотценетиот играч во англискиот состав: Тој се претвори во дефанзивно животно со Чоло Симеоне!

Герет Саутгејт приреди неколку изненадувања со својата прва стартна постава на Европското првенство, а едно од нив беше тоа што класичниот десен бек го претвори во лев бек.

Киран Трипие играше на левата бековска позиција која е нависитна неприордна за него, но Саутгејт сега појасни дека благодарение на неверојатниот напредок кој го имал во изминатите две години, тој сега може да игра на секоја позиција во дефанзивната линија.

Англискиот селектор потенцира дека Трипие е еден од најпотценетните играчи од страна на британската јавност, а си даде за право да му смисли и нов прекар на поранешниот бек на Тотенхем поради соработката со Диего Симеоне во Атлетико Мадрид.

– На прво место, Трипие е многу потценет играч и сите отвораат непотребни сомнежи. За жал, луѓето се уште сметаат дека тој е она неискусно момче од Тотенхем. Не, тој сега се претвори во одбранбено животно, тој е дефанзивно животно во Атлетико Мадрид. Со помош на Чоло Симеоне кој е еден од најдобрите тренери во светот, тој стана страшен дефанзивец.

– Тој ги покрива сите делови на теренот, неверојатно е добар во одбраната и речиси да не губи дуел еден на еден. Може да ни помогне во сите различни варијанти за поставување одбрана, – смета Герет.