среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо постави два рекорда само со настапот против Унгарија

Роналдо постави два рекорда само со настапот против Унгарија

Португалија го започнува настапот на Европското првенство против селекцијата на Унгарија, а Кристијано Роналдо очекувано се најде во почетниот состав на актуелниот европски првак.

Покрај тоа што ќе биде сериозна опасност по голот на Петер Гулачи во Будимпешта, Роналдо постави нови рекорди само со својот настап.

39-годишниот Португалец е прв фудбалер кој настапил на пет европски првенства, започнувајќи од тоа во 2004 година, а вклучувајќи го и претходното во кое го освои трофејот.

Роналдо исто така собори рекорд на Бастијан Швајнштајгер, откако стигна до 39 настапи на европските и светските првенства, што е нов рекорд за европски фудбалер.

Дополнителна мотивација за Кристијано ќе биде рекордот на Али Даеи за најмногу погодоци за националниот тим, кој во моментов има пет повеќе од Роналдо.