Фудбалерите на Португалија против Унгарија ја започнаа одбраната на титулата, а лидер на европскиот шампион е Кристијано Роналдо со што собори два рекорди.
Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој настапил на пет Европски првенства. Дебитантскиот настап Роналдо го имаше во 2004 година кога неговата репрезентација загуби од Грција во финалето. Потоа играше и во 2008 година во Австрија и Швајцарија, четири години подоцна во Украина и Полска како и пред пет години во Франција кога ја освои титулата.
Cristiano Ronaldo becomes the first men's player in history to play in five European Championships 🇵🇹 pic.twitter.com/i4HJVMq5Zy
— ESPN FC (@ESPNFC) June 15, 2021
Португалецот со тоа што истрча на теренот на „Ференц Пушкаш“ арената во Будимпешта, собори уште еден рекорд, влучувајќи ги и Светските и Европските првенства. За Роналдо дуелот против Унгарија е негов 39 на големите натпреварувања со што го престигна Германецот Бастијан Швајнштајгер.
39 – Today is Cristiano Ronaldo's 39th appearance at a major tournament (European Championships & World Cup) for Portugal, an all-time record for a European player, overtaking Bastian Schweinsteiger's 38 appearances for Germany. Longevity. pic.twitter.com/MknlZrasBo
— OptaJoe (@OptaJoe) June 15, 2021
Покрај овие два, Португалецот собори уште еден рекорд. Со голот од пенал, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства постигнувајќи го десеттиот гол. Португалецот го надмина Мишел Платини кој сите ги даде на ЕП 1984 година.
Исто така на Роналдо му недостасуваат уште три гола за да се израмни со Али Даеи на листата на фудбалери кои дале највеќе голови за своите репрезентации. Даеи досега 109 пати погодил во дресот на Иран додека Роналдо моментно е на бројката од 106 гола.