понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Капитенот на Парма се врати на теренот само 2 недели после тешка операција, тренерот и играчите во шок

Капитенот на Парма се врати на теренот само 2 недели после тешка операција, тренерот и играчите во шок

Неверојатна работа која пркоси на законите на физиката и биологијата се случи вчера во Колечи, тренинг кампот на Парма. Капитенот Алесандро Лукарели, само 19 после напукнувањето на менискусот и 16 дена после операцијата на истиот, се врати на теренот и одработи полн тренин со соиграчите, учествувајќи дури и во меѓусебниот натпревар, на општо изненадување на шокираните соиграчи и тренерот.

Ова е едно од најбрзите враќања во историјата на италијанскиот фудбал. Франко Барези во 1994 година заигра после само 25 дена од операцијата на менискусот и се врати во финалето против Бразил. Јасно, тогаш биле други времиња и други технологии, но подвигот на Лукарели е вистинска романтична фудбалска приказна. Инаку, капитенот на Парма сам најави дека „таму некој менискус“ нема да го запре.

Дали ќе биде на клупата или ќе почне од првата минута на мечот со Бари во следното коло се уште не се знае но како и да е ќе му биде од голема помош на тренерот на Парма.

Парма во моментов е на четвртото место на табелата со 66 бода или 2 помалку од второто место кое носи директен пласман во Калчо лигата, а место кое во моментов го држи Фросиноне. Парма до крајот покрај мечот на домашен терен со Бари, гостува и кај Специја.

Како и да е, Парма доколку не се пласира директно во Серија, својата среќа скоро сигурно ќе може да си ја проба низ плејофот, бидејќи на две меча пред крајот на сезоната имаат комотни четири бода предност во однос на седмопласираната Читадела.

А кога сме кај Лукарели, во Италија се едногласни, како фановите на Парма, така и сите други, секоја чест КАПИТЕНУ.