понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Деца од градинка во шпалир ја чекаа министерката со чоколадни бонбони

СКАНДАЛ: Деца од градинка во шпалир ја чекаа министерката со чоколадни бонбони

Министерката Мила Царовска вчера во Прилеп беше да отвори проширен простор од градинка за згрижување на уште 100 деца.

Нешто што не би било ништо нелогично и скандалозно доколку во политичко маркетиншки цели не се користеа дечиња од градинката, како што беше случај сега.

Децата во шпалир и со чоколадни бонбони по насока на негувателката вчера ја пречекаа министерката, бидејќи на мали дечиња сигурно не би им текнало сами да се организираат и да извршат пречек на министер. Во јавноста гласно се коментира дека станува збор за скандал.

Слична злоупотреба на малолетни деца во политички цели можевме да видиме и вчера, кога премиерот беше на отворањето на Мајските оперски вечери, каде додека тој држеше говор околу него имаше малолетни деца облечени како балерини.

Инаку, да потсетиме во минатото СДСМ преку партиски соопштенија осудуваше дека злоупотреба на деца во политички цели било што тогашниот премиер Никола Груевски, на првиот училишен ден ги носел своето дете на училиште, па бил фотографиран покрај други деца.

Исто така, како злоупотреба на деца во политички цели, СДСМ кажа дека е и помошта која децата од домовите за деца без родители ја добиваа од Владата.

Најнови вести