петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алиоски: Имаме квалитет, го покажавме тоа во вториот дел

Алиоски: Имаме квалитет, го покажавме тоа во вториот дел

Нашите фудбалери одиграа лошо прво и фантастично второ полувреме на мечот против Украина, но на крај Украинците се радувза на првата победа нз шзмпионатот со 2-1. По мечот своја анализа од натпреварот даде  Езџан Алиоски.

„Во првото полувреме требаше да бидеме поагресивни и да играме повисок пресинг.Тука направивме неколку грешки и примивме два гола. Како што го одигравме вториот дел, требаше да пристапиме и во првиот. Ова е фудбал. Нема ништо лесно кога ќе излезеш на терен на Европското првенство. На секој меч треба да бидеш сериозен, без разлика дали е завршен турнир на Европско првенство или пријателски натпревар. Сакавме бод од овој меч и жал ми е што не стигнавме до него. Имаме квалитет, го покажавме тоа на во вториот дел, но требаше така квалитетно да играме од самиот почеток“, вели Алиоски.

Во последното коло од групната фаза на овој шампионат Македонија ќе се сретне со  натпревар кој се игра в понеделник на „Јохан Кројф“ во Амстердам.