вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери

Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека кон почетокот на мај доставил предлози до потенцијалните нови коалициски партнери и оти го очекува одговорот од нив.

– Синоќа се слушнав со лидерот на една од овие парламентарни партии, а денеска имам намера да зборувам телефонски со другите за да видам како се одвиваат работите и дали нешто може да се допрецизира. Сакам да се зголеми парламентарното мнозинство и да добиеме нов квалитет во Владата и преземање на нова одговорност која ќе помогне во вака значајни моменти, рече Заев, одговарајќи на прашања на заедничката прес-конференција со германскиот државен секретар за европски прашања во МНР, Михаил Рот.

Прашан за тоа што не е усвоен записник од седницата на која што Талат Џафери е избран за претседател на Собранието, премиерот Заев рече дека тој е избран со мнозинство гласови.

– Видливо беше како се направи изборот во услови кога по 32 дена блокирано Собрание, со должно внимание и водење грижа за сите аспекти, се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за избор на претседател на Собранието. Доказите се гледаат и достапни се до јавноста. Верувам дека тој записник може да се преточи на хартија затоа што тоа е визуелно евидентно и верувам дека Собранието ќе ги формализира своите постапки, нагласи Заев. (МИА)

Најнови вести