петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ВОЗАЧИТЕ НА МЕТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Во Охрид казнети 85 возачи, претходно на автопатот Скопје-Велес казнети беа 83 за брзо возење

ВОЗАЧИТЕ НА МЕТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Во Охрид казнети 85 возачи, претходно на автопатот Скопје-Велес казнети беа 83 за брзо возење
Фотоилустрација

Денеска (18.06.) од 09 до 16 часот СВР Охрид спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи, од кои 45 на територија на Охрид, 25 на територија на Струга, а 15 на територија на Кичево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходно како што информираа од МВР од 09 до 16 часот денеска Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес, при што санкционирани се 83 возачи. 40 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шестмина за дури над 70 километри на час над дозволената.