Фудбалските репрезентации на Англија и Шкотска, ги поделија бодовите по денешниот последен натпревар од Европското првенство.
Лутите ривали од Островот одиграа не многу интересен натпревар без голови, кој сигурно влече и тактички замисли за понатака со оглед на фактот што репрезентациите веројатно ќе бегаат од првата позиција која ќе им донесе тежок противник во осминафиналето.
Првопласираниот од групата Д ќе вкрсти со второпласираниот од групата на смртта каде се Германија, Франција и Португалија, па веројатно Англија играше на картата со овој резултат и да го обезбеди второто место во групата.