Фудбалската репрезентација веќе тренираше два пати во Амстердам, во пресрет на третиот натпревар на Европското првенство против Холандија.
На располагање на селекторот беа сите на овој тренинг , освен капитенот Горан Пандев кој поради болка во зглобот доби поштеда.
Македонија за тренинг база во Амстердам го доби комплексот на Ајакс, каде што ќе се одработат сите, освен официјалниот тренинг на „Јохан Кројф Арената“ утре попладне.