понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција се одржува прв круг од локалните избори

Во Франција се одржува прв круг од локалните избори
Election day in France is always on a Sunday ©andriano_cz Getty Images

Во Франција денеска се одржува првиот круг на локалните избори, што се смета за најголем тест пред претседателските избори следната година.

Според анкетите, лидерката на десничарскиот Национален собир Марин Ле Пен е рамо до рамо со рејтингот на претседателот Емануел Макрон, пренесува европски „Политико“.

Анкетите покажуваат дека одзивот на регионалните избори може да биде на рекордно ниско ниво од околу 40 проценти, а „Политико“ посочува дека тоа ќе се должи на најавените лоши временски услови и актуелните рестриктивни мерки. Приврзаниците на Макрон се загрижени дека нискиот одзив полошо ќе се одржи на нивната партија, отколку на партијата на Ле Пен.

Социјалистите и конзервативните републиканци (ЛР), кои доминираа во француската политика до поразот во 2017 година, продолжуваат да се држат добро на регионално ниво. Секој од нив во моментов има власт во пет од вкупно 18 региони.

Според најновите анкети, Национален собир е во позиција да освои власт во најмалку еден регион, што би било првпат во историјата на Франција.