четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Избркајте ги комарците со помош на една природна состојка

Избркајте ги комарците со помош на една природна состојка

Секој од нас не знае што да прави со талогот од турското кафе а ние ви предлагаме да го искористите за нешто корисно – односно, да ги избркате комарците од дома… Комарците не сакаат одредени мириси, а кафето е еден од нив.

Иако има многу различни начини да се одвратат нападите на летачките напасници, овој е најевтин, и секој дома ја има оваа неопходна состојка.

Талогот на црно кафе се користи за многу работи, за пилинг на кожата, во борбата против целулитот, а исто така е ефикасен и во борбата против комарците.

Талог од кафе се става на алуминиумска фолија која се става на чинија. Важно е пред следниот чекор талогот да биде потполно сув. Потоа чинијата се поставува на рамна површина што е на отворено.

Талогот се пали со долг кибрит или стапче, а кога ќе почне да чади, производот е подготвен и нема да има повеќе комарци. Освен со талог од кафе, овој трик функционира и со гранули за инстант кафе.