Изминатите неколку месеци често се шпекулираше дека Антоан Гризман че ја напушти Барселона.
Но она што е сигурно сега и потврдено од францускиот фудбалер, е тоа дека тој нема намера да ја напушти Барселона.
„Јас имам договор со Барселона уште три години и мислам дека после тоа би било добро да одам во Америка, ми се допаѓа таа земја, нивната култура. Ја сакам НБА лигата и ме влече нешто да истражувам нови работи. Навистина би сакал кариерата да ја завршам во МЛС лигата“, истакна Гризман.
Доаѓањето на Серхио Агуеро и Мемфис Депај во нападот на Барселона ќе биде сигурно пеколна конкуренција за Гризман, кој едноставно може да биде само подобар доколку ја најде вистинската мотивација.