Штотуку започна натпреварот помеѓу Македонија и Холандија, а за време на пеењето на македонската химна Горан Пандев едвај се воздржа да не заплака.
Нашиот капитен кој денеска го игра последниот меч за репрезентацијата со солзи во очите и еден тон емоции ја пееше нашата химна.
Додека Пандев се воздржа, фановите на трибините веќе плачеа, а и му порачаа „Горан Пандев фала ти“.
Пандев со солзи во очите ја пее химната pic.twitter.com/6nyhnqQkmc
— Курир (@KurirMK) June 21, 2021