среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија поразена од Холандија во последниот натпревар на ЕУРО 2020

Македонија поразена од Холандија во последниот натпревар на ЕУРО 2020

Македонската фудбалска репрезентација во последниот натпревар на ЕП во фудбал во рамките на групата Ц загуби од селекцијата на Холандија со 3-0.

Холандија поведе на денешниот меч против Македонија со 1-0, но овој погодок го навлече гневот на македонските навивачи во Амстердам.

Причината е поради тоа што Пандев беше остро фаулиран, а судијата не ја прекина играта по што Холанѓаните повлекоа контра и Депај го отвори резултатот во 24 минута од мечот.

Во 51. минута од  натпреварот,  Мемфис Депај ја испрати топката во шеснаесетникот, каде беше примена од Вијналдум и погоди за 2-0.

Во 58. минута уште еден гол постигна Вајналдум за конечни 3-0.Европскиот шампионат Македонија го заврши на последното место во групата со Ц, со три порази од три натпревари.