Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го прослави својот 48-ми роденден, а сега реши да го запали и Кипар од каде сега и се огласи.
Имено пејачката преку својот Инстаграм профил како ужива со полна пареа, а се снимаше и во костим за капење и тоа во Кипар каде поседува и сопствена вила.
Цеца седејќи во луксузен ресторан покажа како е да се ужива на плажа, а таа на крајот од видеото упати и бакнеж до сите.
„Се чувствувам како да имам 28 години, јас сум семејна жена, тука е и мојата кариера. Си го скоцкав животот, имам доста настапи во текот на летото, се надевам дека ситуацијата ќе биде подобра“, изјави на денот на својот роденден Цеца.