сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Германија без Милер поради посериозна повреда

Германија без Милер поради посериозна повреда

Германската фудбалска репрезентација нема да може да смета на Томас Милер, кој има посериозна повреда на коленото.

Милер се повреди на дуелот со Португалија, а по направените дополнителни прегледи, утврдено било дека ќе мора да мирува најмалку една недела за да спречи посериозно оштетување на лигаментите во коленото.

Фудбалерот на Баерн Минхен со сигурност нема да настапи во третото коло на ЕУРО 2020, во кое Германија ќе се соочи со Унгарија.