среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ИМА РАЗЛИКА: Премиерот Заев од стадион на стадион, опозицијата грчевито се бори за македонските национални интереси

ИМА РАЗЛИКА: Премиерот Заев од стадион на стадион, опозицијата грчевито се бори за македонските национални интереси

Кој се бори за македонските национални интереси, власта или опозицијата? Ова е прашањето кое се наметнува во јавноста после серијата на необјасниви постапки на премиерот Зоран Заев.

Дека власта и опозицијата имаат сосем спротивставени цели за коишто работат гласно говори и фактот што додека премиерот шета од стадион на стадион, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски застана во одбрана на државата.

Имено Заев вчера се фотографираше и повторно се пофали дека од трибините навива за македонската репрезантација, додека во исто време потпретседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, повторно ја претставуваше Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа.

Николоски за разлика од премиерот Зоран Заев во Стразбур се бореше за македонските национални интереси, како и заштита на човековите права на Македонците во Грција, Албанија и во Бугарија. Според експертите со потезите на премиерот се жртвуваат фундаменталните интереси на македонскиот народ, со негово безобразно манипулирање со брзо членство во Е.У.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во изјава за Курир вели дека сериозни промени во нашата надворешна политика се императивни ако сакаме да опстанеме како македонска држава и народ.

„Власта сака да ја задржи позицијата, и кај нас не се бираат средства за тоа. Сега, се жртвуваат фундаменталните интереси на македонскиот народ, со негово безобразно манипулирање со брзо членство во Е.У.. Факт е дека тоа нема да се случи во наредните 10, 15, 20 години. Со Софија нема за нас прифатливо решение, освен откажување на договорот. Таква спремност нема во власта и улогата на опозицијата е да ги присили на тоа. За спас на „Македонизмот“.“, вели Никовски.

Во однос на постапките на премиерот Заев Никовски сатирично вели: Камо среќа премиерот повеќе да се занимава со фудбал отколку со политика.

За потсетување завчера премиерот ги покажа своите фудбалски квалитети во партиски натпревар во тетовско Желино.

 

(ФОТО) Моторите во лер, „Гранде“ Заев на фудбал во Желино

 

Николоски од говорницата во Стразбур и порача на Бугарија дека може колку сакате да не блокира, за ЕУ ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик и тоа го знае цела Европа.

Говорот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на ПС на Совет на Европа во Стразбур предизвика лавина позитивни реакции од граѓаните на социјалните мрежи.

-Нашиот Александар Велики.. Вака зборува горд Македонец, вака се штитат националните интереси… Ех, Зоране, Зоране, вака ли и ти ја претставуваш Македонија во светот… Само така напред со крената глава, а не со свиткана кичма… Вака се брани татковината, се само дел од коментарите напишани под објавата на пратеникот Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски после 4 години повторно беше избран да ја претставува Македонија на ПС на Совет на Европа.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме обраќањето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски:

Јас ќе зборувам во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија. Генерално Извештајот е добар, тој ги потенцира недостатоците во изборите, како и злоупотребите и нелегалните активности, пред се би ги потенцирал, а би рекол ова се и долгорочни проблеми како обвинувањата за купување на гласови, заплашување на гласачите, кои што се преземани врз економско – социјално ранливи категории.

Извештајот исто така потенцира дека изборите се проследени со недоверба на граѓаните во политичките елити, и одржани по уличните протести, на кои се бараше предвремени избори и оставка на главниот јавен обвинител. Извештајот исто така нотира дека протестите се одвиваа помеѓу јули и октомври 2020 година, и довеле до оставки на пет министри, и дека тие биле обвинети со сомнежи за корупција, недостаток на владеење на правото и ерозија на демократијата.

Извештајот исто така вели дека голем број од претставниците и набљудувачите на Советот во предизборниот период предупредиле на корупцијата и независноста на судството, кое што е нотирано и во индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенал за 2020 година, кој ја става Бугарија на последно место во ЕУ и 69 во светот. Во исто време целосниот извештај не е толку дециден, како што се зборовите користени тука, и јас мислам дека целиот извештај и генералните заклучоци треба да ги содржат овие работи воочени од страна на набљудувачите.

Една работа која што е исто така содржана е говорот на омраза и една работа која што ние ја забележуваме е дека откако почнаа протестите во Бугарија, говорот на омраза пораснал и секако втора работа се нападите против мојата држава, против Македонија и Македонците, затоа што Бугарија поради политички причини, и поради изборни причини го блокира отворањето на пристапните преговори и првата интервладина седница со Македонија во изминативе две години, како што кажав пред се од политички причини. И тие продолжуваат да го прават тоа, кршејќи основни човекови права на Македонците, како што е самоопределувањето, нашиот јазик, историја и наследство, и тие се на чекор да го направат тоа повторно утре на седницата Советот за општи работи на ЕУ каде најверојатно тие повторно ќе го блокираат отворањето на пристапните преговори. Јас имам само една работа да им порачам, а тоа е: – Ние знаеме кои сме, ние сме Македонци, ние знаеме кој јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазик, ние си ги знаеме нашето наследство и нашата историја, и независно од тоа каква и одлука да донесат утре, цела Европа знае кои сме и што сме, и тие ќе се соочат со срамот од последиците од одлуката која ја носат. Ви благодарам многу.

Најнови вести