Пејачката Емина Јаховиќ за српските медиуми откри сосема неочекувани детали од нејзиниот приватен живот, особено за синовите.
Имено таа додека ги чека настапите и конечно да заврши оваа криза максимално им е посветена на синовите.
-Јаман е потполно подруг од Јавуз, вели таа во емисијата „Ексклузивно“, додавајќи дека многу добро знае што им е потребно на нејзините деца во овој момент кога е сама без нивниот татко од кого се разведе.
Таа додава дека доста време поминува зборувајќи со двајцата.
View this post on Instagram
-Јаман сега влегува во пубертет и го интересираат и девојчиња, се допишува со нив,вели таа додавајќи дека нејзиниот постар син сега полни 13 години.
Таа се осврна и на помалиот син Јавуз кој е вистински ѕвезда.
Имено тој игра игри и има свој Јутјуб канал на кој ги снима своите мечеви.
Пејачката додава дека тој е многу паметен и знае како да ја гради кариерата сам од мали нозе.
View this post on Instagram
-Кога Јавуз го сними своето прво Јутјуб видео, јас и Мустафа ги повикавме фановите да го заследат на Инстаграм и тој тогаш доби многу фанови. Еден ден се одлучи сите да ги избрише и кога го прашав што се случува, ми рече: „Мамо ова не се моите вистински фанови, туку ваши, а тоа не го сакам“, додава таа.
View this post on Instagram