четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Буфон на промоцијата во Парма: Знам што значи второлигашки фудбал, го искусив во 2006 година

Буфон на промоцијата во Парма: Знам што значи второлигашки фудбал, го искусив во 2006 година

Џанлуиџи Буфон вчеравечер беше официјално претставен како големо засилување за Парма и дефинитивно го комплетираше враќањето во матичниот клуб, средина во која тој смета дека е најдобро да ја заврши долгогодишната кариера која трае повеќе од две децении.

Точно 20 години по фамозниот трансфер од Парма во Јувентус кој не му го простија одреден дел од фановите од Емилиња Ромања, Џиџи се враќа на „Енио Тардини“ како фудбалски ветеран и голманска легенда, но како човек кој добро знае да се справува со најразлични ситуации, го коментираше и „топлиот“ пречек од одредени тифози на Парма.

Буфон беше наречен „платеник“ еден ден по потврдата на трансферот и две декади по направениот трансфер во Јувентус, но тој верува дека најголем дел од навивачите на Пармна секогаш му искажувале љубов и тоа го чувствувал при секое враќање во градот.

– Секогаш бев трогнат од одговорот на фановите кога се враќав тука. Секогаш сум зборувал за Парма со восхит. Почитта, љубовта и восхитта треба да се заработат, а јас повторно ќе се обидам да го направам тоа.

– Не планирам да се посрамотам, сметам дека се уште сум добар голман и Парма е најдобро место за мојот последен предизвик. Јас ја избрав Парма, мојата Парма, не гледав каде се натпреварува. Во 2006-та година го избрав Јуве, а не Јуве кој играше во Серија Б. Сега во 2021-ва ја бирам Парма, а не Парма која ќе игра во Серија Б. Топката се уште се тркала, победите се уште вредат три бода и кој ќе прими најмалку голови ќе се врати во Серија А. Се сеќавам во 2006-та година дека ни требаше време да се привикнеме. Добро знам каков е фудбалот во втората лига. Имавме неколку реми средби и научив многу од тој период. Знам во што се впуштам, треба да бидеме понизни и да бидеме решителни, – вели Буфон.