Семејството и агентот на францускиот интернационалец Кингсли Коман се обидуваат да издејствуваат трансфер во Манчестер Јунајтед откако Баерн не го прифати барањето за зголемување на платата на фудбалерот.
Агент на Коман е познатиот Пини Захави кој со сите сили се обидува да го однесе својот клиент на Олд Трафорд. Французинот е поевтина варијанта од Џејдон Санчо за кого Борусија Дортмунд не попушта и можно е Коман да биде нова цел на „ѓаволите“.
Со 25 години, Коман веќе е еден од најтрофејните фудбалери во светот. Почнувајќи од 2013 година, ги освојуваше сите титули во француското, италијанското и германското првенство со ПСЖ, Јувентус и Баерн. Досега, вкупно, во својата колекција има 23 трофеи.