Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи-Скопје во текот на вчерашниот ден (22.06.2021) од 12 до 20 часот спроведоа засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на општина Сарај, при што санкционирани се 106 возачи. 18 лица управувале возило без возачка дозвола, 22 не користеле сигурносен појас, 21 користеле мобилен телефон додека управуваат возило, а изречени се и 12 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.