понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Перишиќ со најоригинална реакција за „фелш“ магијата на Модриќ (Видео)

Перишиќ со најоригинална реакција за „фелш“ магијата на Модриќ (Видео)

Лука Модриќ често знае да го практикува надворешниот „фелш“ за маестрални додавања до своите соиграчи, но изминатава вечер во Глазгов, изрежира фудаблско ремек-дело и на маестрален начин постигна клучен погодок против Шкотска.

Капитенот на Хрватска постигна ефектен погодок со ударот кој е еден од најтешките во фудбалот и кој можат да го изведат само големи мајстори, па без никаков сомнеж, оваа негова мајсторија ќе конкурира за најдобар гол на Европското првенство.

Голот за 2:1 има и историско значење бидејќи Лука стана највозрасниот хрватски стрелец на еден континентален собир, а истиот беше и најава за победата од 3:1 која подоцна ја потврди Перишиќ.

Токму фудбалерот на Интер ја имаше најдобрата и најоригинална реакција по ремек-делото на Модриќ, бидејќи додека сите славеа и му честита, тој му ја чистеше копачката на десната нога со која ја изведе бравурата.