четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петрушевски до Николовски: 7% мигрирани граѓани во пандемија на затворени граници е дебакл и не е за фалење

Петрушевски до Николовски: 7% мигрирани граѓани во пандемија на затворени граници е дебакл и не е за фалење

Не знам дали премногу го удрило сонцето во Дубаи или е заслепен од вртоглавите профити на фирмата на брат му ама нека му каже некој на Љупче дека 7% мигрирани граѓани на затворени граници заради пандемија е ДЕБАКЛ и не е за фалење!

Ова е најнеспособната и најнеработливата влада во историјата, освен ако пљачкосувањето на народот, уништувањето на иднината на младите и тоталниот дебакл и порази во сите сфери, не се работи кои ќе ја направат државата подобро место за живеење, вели во својата објава пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Најнови вести