петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Пандемијата е при крајот, време е за добра музика: Наташа Малинкова ја промовира новата песна „Немам зборови“! (ВИДЕО)

Пандемијата е при крајот, време е за добра музика: Наташа Малинкова ја промовира новата песна „Немам зборови“! (ВИДЕО)

Сведоци сме дека корона-пандемијата речиси целосно се смири во нашата земја и искрено се надеваме дека и ќе остане така.

Тоа беше доволна причина за повеќето од македонската музичка естрада да ги засукаат ракавите и да почнат со создавање нова музика за својата публика.

Една од нив е познатата пејачка Наташа Малинкова, една од најбараните кога станува збор за „живите“ настапи. Таа пред само еден ден ја објави својата најнова песна „Немам зборови, за која сними и прекрасен видеоспот.

Се разбира, Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна.

– Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција- ни изјави Малинкова.

Инаку Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да добијат одлично видео.

Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк А Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ.

– Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња – вели Наташа.
Да не должиме многу, погледнете, „лајкнете“, споделете и уживајте: