среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Алваро Мората добива смртни закани: Загрижен сум за сопругата и децата

Алваро Мората добива смртни закани: Загрижен сум за сопругата и децата

Напаѓачот на шпанската фудбалска репрезентација Алваро Мората се прослави на Европското првенство со неколкуте големи промашувања во групната фаза. Против Словаците промаши и пенал, претходно не погодуваше од идеални позиции.

„По натпреварот со Полска, не спиев девет часа. Загрижен сум што мојата сопруга мора да го помине ова и дека ми се закануваат дека моите деца ќе умрат. Точно дека промашив неколку шанси за гол, но зарем е тоа причина да и се заканувате на мојата фамилија“.