петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Се чека крајот на Европското првенство, за Сити да го претстави првото ѕвездено засилување

Се чека крајот на Европското првенство, за Сити да го претстави првото ѕвездено засилување

Суперѕвездата на Астон Вила и англиски репрезентативец Џек Грилиш ќе биде нов играч на Манчестер Сити, тврдат англиските медиуми.

Еден од најбараните фудбалери на Островот, наводно го договорил својот трансфер од кој Астон Вила ќе инкасира 100 милиони фунти што ќе биде рекордна сума за англиски фудбалер.

Грилиш периодов игра за англиската репрезентација на Европското првенство, но веднаш по неговото завршување ќе биде претставен во Манчестер.