среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Арнаутовиќ пред битката со Италија: Не се плашам од Кјелини и Бонучи

Арнаутовиќ пред битката со Италија: Не се плашам од Кјелини и Бонучи

Утре започнува нокаут фазата на Европското првенство, а еден од дуелите со кој ќе се отвори овој едел е пресметката меѓу Австрија и Италија.

Италија важи за голем фаворит, ама и Австријците имаат свои адути и можат да бидат опасни. Еден од нив контроверзниот Марко Арнаутовиќ кој е свесен дека пред него и колегите е огромен предизвик, но во исто време верува дека ова е фудбал и се може да се случи во текот на 90 минути.

-За луѓето можеби е лошо кога ќе се каже дека Италија има 11 „чисти мрежи“ во низа, ама тоа не треба да биде важно за нас. Мораме да го играме нашиот фудбал. Пред нас е исклучителен тим, светска класа, само треба да погледнете каде се нивните играчи на клупско ниво. Тренерот Роберто Манчини е исто така светска класа.

-Статистиката на Италија кажува сè, но ова е само еден натпревар, трае 90 минути и не смееме да се плашиме, -вели Марко.

Останува неизвесно дали Џорџо Кјелини ќе може да заигра или биде стартер со Австрија, ама без разлика кој и да му биде партнер на Леонардо Бонучи тоа нема да биде проблем за Арнаутовиќ.

-Она што Кјелини и Бонучи го постигнаа заедно и колку долго играат како единица е неверојатно. Можам само да кажам дека не сум исплашен. Ова е многу, многу важен натпревар, не е важно дали имате 20, 25 или 32 години. Да се биде во осминафиналето на ваков турнир е навистина голема работа за Австрија, -заврши некогашниот член на Интер.