ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против К.П.(49) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 01.10.2020, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и хероин.