понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Суперкомпјутер го пресмета новиот европски шампион

Суперкомпјутер го пресмета новиот европски шампион

Осминафиналето на ЕУРО 2020 донесе доста интересни двојки. Велс-Данска, Италија – Австрија, Холандија – Чешка, Белгија – Португалија, Хрватска – Шпанија, Франција – Швајцарија, англија – Германија и Шведска – Украина, ова се репрезентациите кои ќе се борат за четвртфинале.

Научниците се послужија со вештачка интелегенција, поточно супер-комплјутер, кој со голем процент на точност прогнозира многу спортски резултати.

Суперкомпјутерот го кажа своето, понатаму одат: Италија, Белгија, Франција, Шпанија, Шведска, Англија, Холандија и Данска.

Во четвртфиналето ќе се сретнат: Италија – Белгија, Франција – Шпанија, Шведска – Англија и Холандија – Данска.

Роботот предвиди дека Италија, Франција, Англија и Холандија ќе бидат четирите најдобри репрезентации, додека пак битката за пехарот ќе им припадне на француските фудбалери.

Колку овие прогнози ќе бидат точни останува да видиме.