вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во „Опуштено“: Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ги замислувам со чесни луѓе кои се подготвени да работат и да имаат достоинствен живот

Мицкоски во „Опуштено“: Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ги замислувам со чесни луѓе кои се подготвени да работат и да имаат достоинствен живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Опуштено“ зборуваше за тоа како тој ја замислува Република Македонија како држава.

-Јас не ја замислувам Македонија земја на кавгаџии. Јас ја замислувам земја на вештачка интелегенција, роботика, квалитетно образование, технолошки напредна земја, со пензионери кои имаат високи пензии, со администрација која е среќна таму каде што работи, со глумци кои играат по неколку претстави неделно, со спорстки клубови со македонските херои кои беа на Европско, тука се одбојкарите, ракометарите, ракометарките, тука е новиот рекорд на Дрита Ислами, истакна Мицкоски.

Тој исто така зборуваше и за тоа како го замислува ВМРО-ДПМНЕ и укажа дека тука станува збор за чесни луѓе кои се подготвени да работат и да имаат достоинтвен живот.

– Јас ВМРО-ДПМНЕ го замислувам вака, тоа се луѓето честити, чесни кои се подготвени да работат, но да имаат достоинствен живот, тоа е Македонија во 21 век и јас така ја замислувам ВМРО-ДПМНЕ како современа, конзервативна десна опција, додаде тој

Најнови вести