Перишиќ беше стрелец на два од четирите гола што Хрватска ги даде во групната фаза, патем асистираше и на еден погодок.
Анте Ребиќ, Милсав Оршиќ или Јосип Брекало, според најавите ќе бидат алтернативата за позицијата на Перишиќ, кој оди во десетдневна изолација, а Хрватска ако ја помине Шпанија, ќе го прескокне и четвртфиналето со подобриот од осминафиналниот дуел Франција – Швајцарија.
Хрватскиот сојуз објави дека сите останати фудбалери се негативни.