понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се повисоки за 0,6 отсто на месечно и за 6,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2021, во споредба со април 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 отсто и капитални производи за 0,3 отсто.

Во мај 2021, во споредба со мај 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 12,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 10,7 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто и капитални производи за 0,7 отсто.