сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата во мировната мисија во Исламската Република Авганистан 2002/2021.

Пендаровски им рече на војниците дека биле таму во служба на својата земја, но и во служба на народот на Авганистан кој треба да ги ужива истите права, кои ги имаат и другите народи во светот.

-Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на Обединетите Нации, или по конфликтот во 2001-та, кога бевме домаќини на три операции на НАТО, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но, во 2002-та, тоа стана реалност. Од земја – корисник, станавме земја извозник на безбедноста. Политичката одлука за испраќање на наши војници во странство е секогаш една од најтешките дилеми пред која можат да бидат исправени политичарите, но, денес, од оваа перспектива, убеден сум дека тогаш беше донесена вистинската одлука, посочи Пендаровски.

-Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на било која мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија, порача претседателот Пендаровски.

Претседателот нагласи дека верува дека искуството стекнато за време на нивниот ангажман во оваа мисија од нив направи не само подобри војници, туку и подобри луѓе. Им посака и во иднина да продолжта да ја претставуваат својата татковина, својот народ и достоинството на нашата армија во најдобро можно светло.

Најнови вести