четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Оди во репрезентативна пензија: Германија останува без еден од лидерите по ова ЕП

Оди во репрезентативна пензија: Германија останува без еден од лидерите по ова ЕП

Репрезентацијата на Германија не успеа да дојде до билет за четвртфиналето на Европското првенство, односно пред нив застана Англија која ги доби на „Вембли“ со 2-0 со погодоците на Рахим Стерлинг и Хари Кејн во второто полувреме.

Ова дефинитивно беше болен пораз за Германците кои како што е познато остануваа без селекторот Јоаким Лев кој ќе биде заменет од Ханси Флик. Меѓутоа по се изгледа тоа нема да биде единствената голема промена, затоа што реномираниот „Билд“ најавува дека Тони Крос заминува во репрезентативна пензија.

Фудбалерот на Реал Мадрид веќе донел одлука и истата се очекува да биде официјализирана, потврдена во наредните денови. Тој сака да им се посвети на клупските предизвици, но и секако да им даде шанса на помладите играчите, новите генерации во националниот тим.

Тони има преку 100 настапи за селекцијата, дадено 17 голови и низ изминативе години беше еден од главните играчи на Германија за која настапи на три европски и три светски првенства.