среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен гостиварец, ги нападнал сопругата и малолетната ќерка

Уапсен гостиварец, ги нападнал сопругата и малолетната ќерка

Полицијата вчера вечерта го уапсила 48 годишниот С.Б. од Гостивар.

-Околу 23 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(48) од Гостивар, кој претходно во семејниот дом физички ги нападнал 44-годишната сопруга и нивната малолетна ќерка, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.