четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Еуфорија на Островот- во Англија насекаде се славеше големиот успех против Германија

ВИДЕО: Еуфорија на Островот- во Англија насекаде се славеше големиот успех против Германија

Англија денеска слави како ретко кога. Англија ја слави една од најголемите победи во својата историја. Во Англија ќе се конзумира алкохол повеќе од нормалното цела вечер. На Вембли, храмот на фудбалот во Лондон, Гордиот Албион успеа да дојде до победа против Германија со 2:0 и да дојде до пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2020.

Ваквиот момент го немаа дочекано голем број генерации, но еве конечно дојде тој момент. По точно 55 години, уште од Мундијалот во 1966-та, конечно Англичаните стигнаа до победа против најголемиот ривал во еден голем натпревар. Така овој јуни ќе остане со златни букви запишан во фудбалската историја на Островот.

Според играта Англичаните можеби не направија ништо спектакуларно, но вечерва удрија темел на она што може да биде на крајот, односно титула од Европското првенство. Во полесниот дел се од костурот, до финалето не може даим падне ниту Шпанија, ниту Италија или Белгија, па ниту Швајцарија која се покажа како доста незгодна. На крајот, Англија ја победи Германија, а кога Англичанец ќе го натера Германецот да клекне, на крајот е секогаш победник.

Исторскиот коктел кој ги оптеретува половина век, со сериозни и очигледни комплекси, како и вообичената еуфорија пред секое големо натпреварување на Островот, никако не им беше услуга на момците во бело. Но сепак успеаја овој пат да стигна до победа на Германија, која предизвика еуфорија насекаде.

Погледнете како се славеше на Островот: