среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас е меѓу десетте највредни играчи за врска во Серија А (ФОТО)

Елмас е меѓу десетте највредни играчи за врска во Серија А (ФОТО)

Елиф Елмас заврши со обврските со македонската репрезентација и сега ќе може малку да одмори, да ги наполни батериите пред предизвиците за наредната сезона.

Тој во Наполи ќе има нов тренер во иметот на Лучијано Спалети што значи пред него е ново докажувања, ама и можност да покаже што знаи и умее со оглед на тоа што претходниот стратег Џенаро Гатузо некако го остави во втор план нашиот бисер.

Елмас има само 21 година и допрва пред него се најдобрите партии, а дека и тоа како вреди најдобро кажува дека е на Топ 10 листата на највредни играчи за врска во Калчото. Тој според „Трансфер маркет“ е преценет на 17 милиони евра и се наоѓа на 8 позиција.

На врвот е неговиот соиграч од Наполи, Пјотр Зјелински (50 милиони) по што следи Кристијан Ериксен од Интер (40 милиони) и Николо Заниоло од Рома кој ја затвара првата тројка(40 милиони).