Најдобриот фудбалер на планетата, Лионел Меси од вечерва е слободен играч, шест дена откако наполни 34 години, и по 21 година како член на Барса, тој може да си замине каде сака и тоа комплетно бесплатно!
Меси за Барселона настапи на 778 натпревари, запиша 672 гола, сега е на раскрсница, да остане до крај или да ја смени клупската средина.
Како симбол на Барселона, клубот сака да го задржи, тој има еден куп понуди, прашање е што ќе одлучи, фудбалскиот свет ќе почека уште малку на официјална одлука на Меси.