среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лестер ги порази гигантите и го потпиша Дака (ФОТО)

Лестер ги порази гигантите и го потпиша Дака (ФОТО)

Лестер продолжува со составување на тимот кој во следната сезона ќе се обиде да избори место во Лигата на Шампионите, а за тоа ќе ја има помошта од најдобриот стрелец во австриското првенство, Патсон Дака.

Дваесетидве годишникот Замбиец претходната сезона во дресот на Салзбург на 28 одиграни средби во Бундеслигата, 27 пати ја тресеше мрежата на противникот, а притоа додаде и 7 асистенции со што заработи трансфер во клубот од Премиерлигата. Неговото преминување во Лестер чини 22 милиони евра, а клубот од „Кинг Пауер“ ги претрка Челси, Ливерпул, Лајпциг и Рома за неговиот потис.

Покрај Дака во следниот период се очекува потпис со „лисиците“ да стави и Бубакари Сомар со што Лестер би добил нов млад играч во своите редови.