Објектот без фирма лоциран на улица “Иво Лола Рибар” во Тетово, во кој вчера (29 јуни) полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ спроведоа акциска контрола, затворен е на 30 дена.
Во овој објект се приредувале игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, спротивно на член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
При контролата, беа затекнати и лишени од слобода 13 лица од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и двајца турски државјани.
Се расчистува и документира случајот и ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.