понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манџукиќ уште еднаш ќе шокира со изборот на клуб

Манџукиќ уште еднаш ќе шокира со изборот на клуб

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ повторно е без клуб откако не доби нов договор во Милано.

Манџукиќ пристигна на Сан Сиро на почетокот на оваа година како слободен агент и потпиша шестмесечен договор.

Сепак, хрватскиот напаѓач не се прослави по своите игри во дресот на Милан, па челниците на овој клуб решија да не му понудат нова соработка.

Манџукиќ повторно остана без клуб, но се чини дека нема да трае тоа долго. Искусниот напаѓач се наоѓа пред изненадувачки трансфер во далечна Индија.

Индискиот клуб АТК Мохун Баган покажа голем интерес за ангажирање на Манџукиќ и тие веќе се во контакт со искусниот напаѓач, а се обидуваат да ги договорат условите на договорот.

Сепак, во моментов најголем проблем е висината на неговата плата, па челниците на овој клуб се надеваат дека Манџукиќ ќе се согласи на помала плата отколку што имаше во Милано.

Се шпекулираше дека Манџукиќ би можел да се врати во Динамо и да ја заврши кариерата таму, но сепак нема да има ништо од тоа засега.