понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Jунајтед се договори со Борусија за трансфер на Санчо за 85 милиони евра

Jунајтед се договори со Борусија за трансфер на Санчо за 85 милиони евра

Фудбалерот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Германскиот клуб ги договорил условите со Манчестер јунајтед за трансфер на Англичанецот, објави „Билд“.

Англичаните ќе му платат на бундеслигашот 85 милиони евра. Земајќи ги предвид бонусите, износот може да порасне до 95 милиони.

Санчо ќе добие петгодишен договор. Претходно беше објавено дека тој ќе заработува повеќе од 250 илјади фунти неделно во англискиот клуб.